Суарез си подал рака со Јувентус, а Погба и натаму чека на повик од Торино

by
1 минути читање

„Марка“ подвлече дека Луис Суарез веќе ги договорил личните
услови за трансфер во редовите на Јувентус, откако новиот тренер на Барселона,
Роналд Куман лично му посочи дека не е во неговите планови во составот на
Каталонците.

Исто како и Артуро Видал, на Суарез преостана да си пронајде
нов клуб, а дополнително Куман го одвои Уругваецот да тренира посебно од
останатите соиграчи во Барселона.

Во моментов топката е префрлена на преговорите помеѓу Суарез
и Барселона во однос на прекин на договорот кој има важност до идното лето,
иако во истиот има опција за дополнителни 12 месеци, „Марка“ на оваа тема
додава дека Суарез си подал рака со Јувентус за двегодишна соработка,
дополнително со можност за уште една, а ќе има годишна плата од 10 милиони
евра, помала од онаа во Барселона.

Од друга страна пак, „Тутоспорт“ и натаму инсистира дека Пол
Погба очекува враќање во составот на италијанскиот првак, меѓутоа од овој
медиум додаваат дека тоа би можело да се случи идната година, и тоа уште во
јануари.

27 годишниот Французин подолг период се шпекулира дека е на
излезна врата од Манчестер јунајтед, кој веќе го ангажираше Дони ван де Бек, па
„Црвените ѓаволи“ речиси се сигурни на таа позиција ако се земе во предвид дека
дополнително ги имаат Фред, Мектоминеј, како и Матиќ.

Што се однесува до тврдењето на „Тутоспорт“, од таму
додаваат дека Погба ги одолговлекува преговорите со Манчестер јунајтед за нов
договор најмногу поради тоа што чека повик од Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×