Видал на почетокот од идната недела ќе стане фудбалер на Интер

by
1 минути читање

Куман на Видал и на уште неколку фудбалери им кажа дека може да си одат бидејќи нема да смета на нив. 

Видал одбра да се врати во Италија, ќе биде нов играч на Интер и ќе работи со Антонио Конте кој му беше тренер и во Јувентус.

Чилеанецот веќе ги договорил личните услови со Интер, формалностите ќе се средат во наредните денови и тој на почетокот од идната недела ќе го потпише договорот.

Иако се велеше дека Видал ќе замине како слободен фудбалер, сега се пишува дека Барселона може да побара мало обесштетување како што беше во случајот на Ракитиќ, 1,5 милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×