188
За сума од 25 милиони евра плус 3 милиони во бонуси, Евертон го купи играчот од средниот ред на Наполи, Алан.
„Евертон го комплетираше трансферот на бразилскиот интернационалец Алан, тој потпиша тригодишен договор со трајност до јуни 2023“, стои во соопштението на Евертон.
Во трката по Алан беа уште и Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид, но клучен елемент беше Карло Анчелоти кој му беше тренер на фудбалерот и во Наполи.
Наскоро се очекува и Хамес Родригез да го комплетира трансферот во Евертон.