805
Во голем дел од интервјуто Меси зборуваше против раководството на Барселона на челот со претседателот Бартомеу. Аргентинецот не се штедеше во критиките, па нејасно беше како ќе реагира клубот на тоа.
Единствената реакција на Барселона засега е преку социјалните мрежи. Во пост со слика од Меси, тие извадија еден цитат кои фановите сакаат да го слушнат и го напишаа на англиски, каталонски и шпански: „Ќе давам се од себе. Мојата љубов кон Барселона никогаш нема да се промени“.
Ниту Бартомеу ниту било кој од директорите не му се спротивстави на Меси, а веројатно така и ќе остане. Раководството нема да направи уште една грешка и да влезе во вербална војна со Аргентинецот кој сепак ќе остане во клубот.