Меси: Никогаш не би одел на суд против Барса, тоа е клубот кој го сакам и клубот кој ми дал сè

by
2 минути читање

Нема веќе дилеми, Меси останува во Барселона, Аргентинецот ја соопшти одлуката иако таа е против неговата волја.

„Му кажав на клубот, вклучувајќи го претседателот дека сакам да си одам. Им го кажував тоа цела година. Верував дека сега е време да си одам“, вели Меси.

„Верував дека на клубот му се потребни повеќе млади фудбалери, нови фудбалери и мислев дека моето време во Барселона е завршено. Ми беше многу жал бидејќи претходно секогаш велев дека сакам да ја завршам кариерата тука“.

„Беше многу тешка година,се мачев многу на тренинзите, на натпреварите и во соблекувалната. Се стана многу тешко, дојде време да размислувам за други амбиции“.

„Не ја донесов одлуката поради поразот од Баерн Минхен, туку долго време размислував за ова и имав одлучено дека ќе си одам“.

„Му кажав на претседателот, тој секогаш ми велеше дека по крајот на сезоната ќе можам да одлучам дали сакам да останам или да си одам и на крајот тој не си го одржа зборот“.

„Преку целата година му велев дека сакам да си одам, дека време ми е за нови цели и нови патишта во кариерата. Тој ми велеше: Ќе зборуваме, не сега, ова она, но ништо“.

„Кога испратив барање за трансфер тогаш стана официјално дека сакам да си заминам и дека нема да продолжам и следната сезона која беше опционална бидејќи сакав да си одам“.

„Не сакав да правам драма или да одам против клубот, но сакав да го направам тоа официјално бидејќи мојата одлука беше донесена“.

„Доколку не поднесев барање за трансфер ништо немаше да се случи. И сега тие се држат за тоа дека не сум кажал пред 10 јуни, но ќе повторам, бевме на сред сите натпреварувања и не беше момент“.

„Но настрана од тоа претседателот секогаш ми велеше дека кога сезоната ќе заврши може да одлучам дали ќе останам или ќе си одам. Никогаш не спомна датум“.

„Имаше и друг начин, требаше да одам на суд. Но никогаш не би одел на суд против Барса бидејќи тоа е клубот кој го сакам, кој ми даде се откако дојдов“.

„Тоа е клубот на мојот живот, мојот живот го создадов тука“.

„Барса ми даде се, јас и дадов се на Барса. Никогаш не би ни помислил да одам на суд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×