Обид за измама ја откри вистинската сума од трансферот на Азар, Реал Мадрид за фудбалерот платил 160 милиони евра

by
1 минути читање

Минатото лето,
Еден Азар го облече белеиот дрес, по долги преговори, Реал Мадрид и Челси си
подадоа рака. Официјални бројки не беа откриени но медиумите пишуваа дека Марина Грановскаја го натера Флорентино Перез да плати 100 милиони
евра плус бонуси и покрај тоа што играчот имаше само уште една година од договорот со „сините“.

Медиумите од
Белгија сега пренесуваат дека трансферот вреди многу повеќе, вистината
за сумата се дознала благодарејќи на обид за измама.

Имено, како дел
од правилата на ФИФА, процент од трансферот им следува и на клубовите кои го
оформиле играчот, односно клубовите каде што тој тренирал од 12 годишна возраст
па се додека да наполни 23 години.

Па АФК Тубизе
требал да добие 0,5% од трансфер сумата. Но оваа година, компанија од Кореја со име
АФК Тубизе СА (а не клубот со име АФК Тубизе АСБЛ) побарал од германска банка
да ја добие исплатата.

АФК Тубизе сакал
да поднесе жалба, но Реал Мадрид веднаш реагирал и пријателски се решил проблемот. Сепак, докумените од обидот за измама стигнале до медиумите па се дознало за
вистинската сума.

Трансферот на
Еден Азар во Реал Мадрид всушност изнесува 160 милиони евра, сумата треба да биде
платена на три рати односно 40 милиони во 2019, 56 милиони во 2020 и уште 64
милиони во 2021 година.

АФК Тубизе треба
да добие 800.000 евра, односно  200.000
во 2019, 280.000 во 2020 и 320.000 во 2021 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×