Робертсон не сака ниту да помисли да го има Меси за ривал во Премиерлигата

by
1 минути читање

Бекот на
англискиот првак Ливерпул, Енди Робертсон низ шега признава дека се надева дека
Лионел Меси нема да се пресели во Премиерлигата, откако се појави можност за
такво нешто.

Како што е
познато, Барселона минува низ еден мошне бурен период, а првата ѕвезда на тимот
првично поднесе допис до клубот дека си заминува, а во такви услови се наведе
дека негова следна дестинација е Манчестер Сити, меѓутоа ситуацијата полека но
сигурно спласнува, па нема да изненади доколку Аргентинецот на крајот ќе остане
на „Камп Ноу“.

Како и да е,
додека Меси силно се поврзува со трансфер во ривалот Манчестер Сити, Робертсон
низ шега вели дека не сака да го гледа Аргентинецот во Премиерлигата како ривал
на теренот, од причина што досега имал два дуели со него, а тоа всушност биле
најтешките во неговата досегашна кариера.

Мислам дека
Ливерпул веќе ја отфрли наводната можност дека би можел да го ангажира, така
јас не би сакал да го видам во Премиерлигата, искрено би посакал да не се
промени тоа
“ вели Робертсон.

Играв два пати
против него, тоа беа најтешките натпревари кои сум ги одиграл досега
“ додаде 26
годишниот фудбалер на „Редсите“.

Кога сме веќе на
темата со Меси, ќе завршиме со тоа дека
неговиот татко потврди дека може да има пресврт во овој случај па неговиот син да остане во редовите на Барселона,
меѓутоа останува да видиме што ќе се случува на оваа тема, се шпекулира дека
токму денеска може да падне конечна одлука.

Меси би можел да остане во Барселона до крајот на неговиот договор (идното лето), по што би си заминал без никакво обештетување, опција која ја потврди и неговиот татко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×