Челси си подаде рака со Леверкузен, ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Хаверц

by
1 минути читање

„Скај Спортс Германија“ тврди дека Челси и Баер Леверкузен се договориле за Хаверц, висината на обесштетувањето е 80 милиони евра плус уште 20 милиони евра во бонуси.

Сумата од 100 милиони евра е рекордна за Челси, претходно најскап трансфер им беше купувањето на голманот Кепа Аризабалага за 80 милиони евра од Атлетик Билбао.

Хаверц во моментов е со германската репрезентација, треба да биде дел од мечевите на Германците против Шпанија и Швајцарија од Лигата на нации, а потоа ќе отпатува во Лондон, ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот.

Челси има најдобар преоден рок од Премиерлигашите засега, Лампард покрај Хаверц веќе ги доби Тимо Вернер, Хаким Зијеш, Бен Чилвел, Тијаго Силва, Маланг Сар и Ксавиер Мбујамба.

Како дел од договорот, Челси на Леверкузен му го понуди и новото засилување Сар да игра таму на позајмица во текот на следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×