Ракитиќ: Барса е најдобриот клуб во кој може да се биде, но дојде време да си одам

by
1 минути читање

Иван Ракитиќ за Барселона одигра 310 натпревари и освои 13 титули. За сума од 1,5 милиони евра плус бонуси кои може да достигнат до 9 милиони евра, тој потпиша за Севиља, клубот од кој дојде во Барса.

Најпрво на прес конференцијата се обрати претседателот на Барса, Бартомеу: „Сакам да му кажам збогум како играч и како пријател. Тој е четвртиот странец со најмногу натпревари. Креираше историја. Освои 13 титули. Му велиме збогум, но ќе го видиме наскоро, бидејќи ќе продолжи да игра. Тој е исклучителна личност. Пример. Сега одиш во друг тим, но сигурно ќе ја имаш Барселона во твоето срце“.

Ракитиќ им се заблагодари на сите во Барселона за прекрасниот период.

„Ги анализирав работите и мислам дека времето дојде за заминување. Но до последен момент мислев на Барса. Горд сум за овие години, благодарен и среќен. Доживеав многу посебни моменти. Не е лесно да се остават овие луѓе, овој град и овој тим. Не знам дали ова е крај на една ера на Барселона. Ова е најдобриот клуб во кој може да се биде, но сега дојде моментот за заминување“, вели Ракитиќ.

На прашањето за Меси, Ракитиќ одговори: „Секој фудбалер си прави свои анализи и носи свои одлуки. Го видов тоа со мојот случај. Што мисли тој или некој друг, не знам. Моето заминување се одвиваше добро. Не сум размислувал за Меси, мислев само на мојата ситуација“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×