Францускиот првак
ПСЖ почна преговори со Арсенал околу можноста да се засили со 25 годишниот бек
Ектор Бељерин, а се наведува сума од околу 30 милиони фунти со која може да се
заокружи овој трансфер.
Како и да е, се
верува дека од Арсенал немаат намера да го пуштат лесно Шпанецот да си замине,
меѓутоа, од клубот наводно истовремено гледаат и убава шанса со сумата која
погоре е наведена да доведат одредено засилување на некоја друга позиција во
тимот.
Освен ПСЖ,
интерес за услугите на Бељерин имаат и Јувентус и Баерн Минхен, меѓутоа токму
францускиот првак е тој кој го повлече првиот потег за фудбалерот кој има
важечки договор со „Топчиите“ до 2023. година, а наводно нема ништо против за
нов предизвик во својата кариера.
Кога сме веќе кај
Арсенал, Микел Артета и натаму не отстапува од интересот да го ангажира Томас
Парти од Атлетико Мадрид, како и Хусем Оар од Лион, додека пак, Дани Себалјос
ќе остане во клубот на дополнителна позајмица од Реал Мадрид, меѓутоа без
опција за откуп на неговиот договор.