Евертон не се шегува: Две големи засилувања за Карло Анчелоти

by
1 минути читање

Извесно е дека
конечно ќе заврши сапуницата околу 29 годишниот Хамес Родригез, кој никако не
успева да си пронајде клуб каде ќе го бетонира својот статус, се чини дека тоа
би можело да се случи во идните 24 часа, барем така најавуваат на Островот.

Големи се
очекувањата Евертон да го потврди трансферот на Колумбиецот од Реал Мадрид, за
кого се наведува дека ќе потпише тригодишен договор со „Карамелите“, а деталите
од трансферот наводно се договориле во текот на вчерашниот ден
, па така на повидок е повторно соработка
помеѓу Родригез и Анчелоти, кои претходно беа заедно во Реал Мадрид.

Родригез на „Гудисон
парк“ пристигнува за сума од околу 21 милион фунти, и тоа нема да биде
единственото големо засилување за составот предводен од Карло Анчелоти на
клупата, во најава е трансфер и на Алан од Наполи.

Дека се
подготвува трансферот на 29 годишниот Бразилец, потврди и првиот човек на италијанскиот
прволигаш, Аурелио Де Лаурентис, кој најави дека брзо ќе се официјализира овој
трансфер кој би чинел околу 25 милиони фунти.

Дека Евертон
воопшто не се шегува, и дека „Карамелите“ кои важат за мошне стабилен тим
изминативе неколку сезони во Премиерлигата, говори и информацијата дека
истовремено се во преговори и со Абдулае Дукуре кој со Вотфорд испадна од
Премиерлигата изминатата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×