Таткото на Меси пристигна во Барселона, следува состанок со Бартомеу

by
1 минути читање

Никогаш немало толку голем интерес за доаѓање на Хорхе Меси во Барселона како што сега има. Тој утрово слета на Ел Прат каде го пречекаа голем број на новинари.

„Не знам ништо момци“, е единственото нешто што им го кажал Хорхе Меси на новинарите.

Планот е во наредните часа тој да се сретне со претседателот на Барселона, Хозеп Мариа Бартомеу. Единствена точка на состанокот ќе биде заминувањето на Лео Меси и како да се најде заеднички јазик за тоа да се случи колку што е можно побезболно.

Ставовите на двете страни се спротивни, па многумина се песимисти дека на овој состанок може да има некој посериозен прогрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×