201
„Скај Спорт Италија“, „Газета дело Спорт“ и други италијански медиуми, тврдат дека Суарез ги договорил личните услови со Јувентус, остануваат уште формалностите за трансферот да биде комплетиран.
Суарез на година пред крајот на договорот со Барселона, ќе ја раскине соработката со каталонскиот клуб и како слободен играч ќе се пресели во Јувентус.
Истото ќе се случи и со Игуаин, кој како слободен агент ќе оди во Интер Мајами. Гонзало ја прифатил понудата од клубот на Дејвид Бекам и ќе потпише двегодишен договор.
Во МЛС веќе со години настапува братот на Игуаин, Федерико.