Севиља го купи Ракитиќ за 1,5 милиони евра, Барса може да добие уште 9 милиони во бонуси

by
1 минути читање

По шест години на Камп Ноу, Иван Ракитиќ се враќа во Севиља. Зделката која вчера беше најавена, попладнево доби одицијална потврда.

За разлика од синоќешните написи дека Хрватот ќе ја напушти Барса за беспари, „каталонците“ сепак ќе внесат некој милион во касата, или поточно 1,5 милиони евра сега и уште додатни 9 милиони евра во иднина преку серија на бонуси.

Иван Ракитиќ стави потпис на четиригодишен договор со Севеља и прифати помала плата за одново да го облече дресот на „андалузијците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×