Во Манчестер Сити ја направиле математиката, можат да го ангажираат Лео Меси само за беспари

by
1 минути читање

Манчестер Сити се
посочува како следната дестинација на Лео Меси, низ медиумите имаше најразлични
написи за тоа каква понуда „граѓаните“ се подготвени да испратат до
Барселона и каков договор да му дадат на напаѓачот.

Се шпекулираше за
предлог од 100 милиони евра плус тројца играчи (Габриел Жесус, Бернардо Силва и
Ерик Гарсија) како и договор за Лео Меси од 500 милиони евра, плус бонус од 250
милиони евра.

Сепак, последните
информации велат дека зделката
е прилично комплицирана, во Манчестер Сити ја
направиле математиката и можат да го ангажираат Лео Меси само за беспари.

Аргентинецот нема
да може да пристигне на „Етихад“ доколку на Барселона треба да и се плати
оштета, па за реализација на трансферот, Лео Меси ќе треба да се ослободи од
договорот со „каталонците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×