Малдини реализира нова трансфер бомба, во Милан го носи Киеза?!

by
1 минути читање

Паоло Малдини пред
неколку месеци беше на излезна врата од Милан, за него не требаше да има место со
Ралф Рангник на клупата.

Сепак, Германецот
и „росонерите“ не се договорија, Стефано Пиоли доби нов договор а Паоло Малдини
остана на позицијата технички директор. Легендата на Милан сега покажува дека знае
одлично да си ја врши работата и го украде Сандро Тонало од пред носот на Интер.

„Нероаѕурите“ со
месеци имаа договор за ангажман на „новиот Пирло“, но го оладија интересот, па
Милан набрзина се договори со Бреша и играчот и Сандро Тонали во следните
денови треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Медиумите од
Италија сега пишуваат за нова трансфер бомба, Паоло Малдини му ги мати сметките
на Јувентус и ќе се обиде на Сан Сиро да го донесе Федерико Киеза. Првиот човек
на Фиорентина, Роко Комисо постави висока цена од 70 милиони евра, сума која
„старата дама“ не е подготвена да ја плати, исто како и Интер, вториот клуб од
Серија А кој пројавува интерес.

Паоло Малдини
сепак смета дека ја има добитната формула, ќе го понуди Лукас Пакета и уште дваесетина
милиони евра.

Исто така, тој се надева на помош од самиот Федерико Киеза, кој е
навивач на „росонерите“ како и на агентот Фали Рамадани
, кој е близок до семејството Киеза и ќе треба да помогне да се испеглаат деталите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×