„Франс Фудбал“
известува дека еден од најбараните стопери на европскиот трансфер пазар, членот
на Наполи, Калиду Кулибали веќе ги договорил личните услови со Манчестер Сити.
„Граѓаните“
очајно се во потрага по дефанзивец плус во својот состав, особено од
заминувањето на Винсент Компани, претходните обиди да се замени Белгиецот со
Џон Стоунс и Николас Отаменди беа крајно неуспешни, со тоа што двоецот запиша
низа грешки.
Кулибали се разви
во еден од најкомплетните фудбалери на својата позиција, се наведува дека
Сенегалецот е идеален кандидат да игра во друштво на Ејмерик Лапорте во
составот на „Граѓаните“.
Доколку се верува
на објавата на „Франс Фудбал“, сега преостанува да се договорат клубовите околу
обештетувањето за 29 годишниот Кулибали, а медиумите објавуваат различни суми
на оваа тема, најверојатно е дека обештетувањето би изнесувало околу 70 милиони
евра.