Ван Дајк за трансферот на Ван де Бек во Манчестер јунајтед: Голем клуб, голем чекор напред во кариерата

by
1 минути читање

Како што е
поѕнато, прашање на денови е само кога Манчестер јунајтед ќе го потврди
трансферот на Дони ван де Бек од Ајакс, кој претходно се поврзуваше и со Реал
Мадрид, но и Барселона откако го промовираше Роналд Куман за нов тренер, барем
така најавуваат повеќе медиуми.

Се работи за
зделка вредна 45 милиони евра, па со оглед на состојбата, дефинитивно може да
се каже дека Манчестер јунајтед го добива 23 годишниот Холанѓанец на попуст, ако се земе
во предвид дека ланските бројки кои се споменуваа беа далеку од оваа.

Дека навистина се
„крчка“ овој трансфер, на некој начин потврди и сонародникот на Де Бек, Ван
Дајк од Ливерпул, кој јавно упати поддршка до својот соиграч од
репрезентацијата на „Лалињата“, додавајќи дека тоа е голем чекор напред во
неговата кариера.

Му го посакувам
само најдоброто
“ рече Ван Дајк во изјавата за „Де Телеграф“, а интересно е тоа
дека стоперот за лутиот ривал на Ливерпул истакна дека станува збор за голем
клуб.

Одлично е за
него и за холандската репрезентација, тоа е голем клуб, голем чекор напред за
самата кариера на Дони, истото го мислам и за трансферот на Натан Аке во
Манчестер Сити
“ додаде стоперот на англискиот првак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×