Реал Сосиедад потврди, Давид Силва има коронавирус

by
1 минути читање

Новото засилување на Реал Сосиедад, Давид Силва кој штотуку беше промовиран, е позитивен на ковид-19.

„Реал Сосиедад сака да информира дека Давид Силва е тестиран позитивно на коронавирус на утринското тестирање. Ова е негов втор тест како наш фудбалер. Првиот беше во петокот и резултатот беше негативен. Давид Силва синоќа со регуларен лет патуваше од Билбао до Сан Себастијан. Утринава на вториот тест беше позитивен. За време на првите часови откако пристигна во Сан Себастијан, Давид Силва немаше можност да се сретне со новите соиграчи. Фудбалерот веќе е во изолација, тој е асимптоматичен“, се вели во соопштението на клубот.

Во текот на денешниот ден се случи и официјалната промоција на Давид Силва, а само некој час подоцна пристигна веста дека е позитивен на коронавирус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×