Не сакаат да одат во Барса без Меси, Лаутаро расмислува да ги одбие „каталонците“ а Нејмар порача: Останувам во ПСЖ!

by
1 минути читање

Пред неколку
месеци, Барселона кроеше планови за ново супер трио во офанзивата составено од
Лео Меси, Лаутаро Мартинез и Нејмар. Но како што стојат работите во моментов,
ниту еден од овие играчи нема да биде на Камп Ноу во новата сезона.

Лео Меси побара
да замине, а неговата одлука влијае и врз иднината на другите двајца.

Според пишувањата
на Кориере дело Спорт, Лаутаро Мартинез сериозно размислува да ги одбие
„каталонците“ и да ја продолжи соработката со Интер.

Што се однесува
до Нејмар, тој јавно порача дека и во новата сезона ќе го носи дресот на
„светците“.

„Останувам во
ПСЖ! Имам амбиција одново да играме во финалето од Лигата на шампионите, но
сега да победиме. Ми се допаѓа идеата да го дадам максимумот за да го запишам
името во историјата на клубот. Доколку имаше луѓе кои се сомневаа во големината
на ПСЖ, повеќе не е така по случувањата во Лисабон“
– вели Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×