Видал: Барселона не го заслужува ова, зарем е нормално со 13 професионални фудбалери…

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Барселона, 33 годишниот Артуро Видал е еден од неколкуте
членови на Каталонците за кои се верува дека се на излезна врата од „Камп Ноу“,
тој упати критики за тоа како клубот функционира изминативе години, а особено
акцент стави на фактот што има само 13 професионални фудбалери.

Каталонскиот клуб
влезе во голема криза која кулминираше со барањето на првата ѕвезда на тимот
Лионел Меси да си замине од клубот, па истото барање сега навлегува во еден
правен лавиринт околу контроверзното прашање со неговата клаузула во договорот,
како и да е, Видал говореше мошне отворено за случувањата во Барселона.

Последните три
години не се тоа што Барселона го заслужува, најдобриот клуб во светот не може
да има 13 професионални фудбалери, не можете секогаш со вашата ДНА
“ изјави
Видал кој се поврзува со трансфер во Интер.

Меси е
најдобриот фудбалер на светот, но, нему му е потребна помош за подобри
резултати да бидат постигнати
“ додаде Чилеанецот кој беше запрашан дали
фудбалерите на Барселона се „на продажба“ ова лето.

Никогаш не
успеав да разберам зошто фудбалерите се означуваат со тој збор, грозно е,
доколку некој фудбалер сака да си замине, или клубот посакува да го продаде,
најдете му клуб, но, не разговарајте на таков начин, секоја особа заслужува
почит
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×