Манчестер Сити се подготвува за презентација на Лео Меси

by
1 минути читање

„Граѓаните“
очигледно се убедени дека ќе го добијат Лео Меси. Добро упатениот новинар
Марсело Бешлер, кој прв го најави заминувањето на Нејмар од Барселона, а беше и
помеѓу првите кои пренесе за намерата на Аргентинецот да го напушти Камп Ноу,
вели дека Манчестер Сити полека се подготвува за презентација на „Ла Пулга“.

Клубот од Етихад
ангажирал продуцентска компанија која ќе треба да прибере архивски фотографии и
да изработи видео со кое ќе се најави трансферот на Аргентинецот.

Претходно,
каталонскиот весник Спорт пренесе дека Манчестер Сити составил договорот за Лео Меси вреден 750 милиони евра, и се чека само фудбалерот да постигне согласност
со Барселона за условите под кои ќе се разделат.

Доколку двете
страни не отстапат од своите ставови, ќе има правна разрешница и судски спор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×