Дури и пред да
почне мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, на кој Барселона беше
понижена и поразена со убедливи 8-2, имало драма помеѓу Лионел Меси и клубот од
„Камп Ноу“, тврди стоперот на „Баварците“ Жером Боатенг.
Срамниот пораз за
Каталонците дополнително го вклучи алармот кај првата ѕвезда на Барселона кој
веќе испрати допис до клубот да си замине од истиот, меѓутоа ситуацијата сега
добива и правен епилог околу важноста на клаузулата.
Адвокатите ќе имаат полни раце работа, ова е спорниот дел од договорот на Лео Меси (ФОТО)
„Однапред
забележавте дека има драма помеѓу Меси и Барселона“ рече Боатенг во изјавата за
„Билд“, а дополнително, тој додава дека Аргентинецот одлично би се пронашол
себе си во Манчестер Сити, тема која е доста актуелна периодов.
„Гвардиола и Меси
заедно прославија низа успеси, токму од таа причина обете страни знаат дека
нивните гледишта одлично би се вклопиле“ додаде Боатенг.