Конте со барање до Интер: Доведете ми го Канте

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте јасно им посочил на челниците на клубот
да му го доведат во тимот Н
Голо
Канте од Челси, а од клубот од Милано се надеваат дека можат да договорат
позајмица со опција и за целосен откуп на договорот на Французинот.

Канте е во
редовите на Челси од 2016. година по трансферот од Лестер, има активен договор
со клубот до 2023. година, а се верува дека опцијата за целосен откуп на
договорот која би ја имал Интер би изнесувала 50 милиони евра.

Во Италија
пренесоа дека Конте во целост ја презел трансфер стратегијата во Интер, што
наводно резултирало за нарушените односи со клубот само неколку денови по
поразот во финалето од Лига Европа против Севилја.

Се верува дека
најмногу поради сугестиите на Конте, Интер се повлекол од трката за
суперталентираниот Сандро Тонали, кој сега е пред трансфер во градскиот ривал
Милан, а „Нероаѕурите“ освен на Канте, ќе се фокусираат и на Артуро Видал од
Барселона, како и Танги Ндомбеле од Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×