Откако новиот
тренер на Барселона, Роналд Куман во очи му посочил на напаѓачот Луис Суарез
дека тој не е во неговите планови во новиот проект на Каталонците, почна
интересот за Уругваецот.
„Мундо Депортиво“
тврди дека Барселона веќе е во директни преговори со Јувентус околу можноста 33
годишниот напаѓач да се пресели во редовите на „Старата дама“, а се верува дека
Суарез е алтернативна опција за Един Џеко, која ќе чини 10 милиони евра, а
дополнителни и 2 милиони евра во бонуси.
Дополнително,
медиумите додаваат дека Суарез е заинтригиран од можноста да игра покрај
Кристијано Роналдо и Пауло Дибала во составот од Торино.
Луис Суарез ја
чинеше Барселона 81.7 милиони евра по неговиот трансфер од Ливерпул во 2014.
година, неговиот актуелен договор со клубот истекува идното лето.