Динамо Загреб знае како: Лидс плаќа 20 милиони евра за дефанзивецот Гвардиол

by
1 минути читање

Аргентинскиот фудбалски
стратег од клупата на старо-новиот Премиерлигаш Лидс, Марсело Биелса по
ангажманот на Робин Кох, сега тргна по потписот на надежниот хрватски
дефанзивец Јошко Гвардиол.

18 годишниот
фудбалер е еден од многуте на листата на талентирани играчи кои произлегоа од „фабриката
за таленти“ Динамо Загреб, а ова е уште еден доказ дека хрватскиот гигант знае
како на европскиот трансфер пазар да носи милиони во својата клупска каса.

Според објавата
на експертот за трансфери, Фабрицио Романо, Лидс е веќе во преговори со Динамо
Загреб, а се наведува сума од околу 20 милиони евра за хрватскиот дефанзивец
кому му се предвидува голема иднина пред себе со оглед на својот голем
потенцијал.

Гвардиол ги
помина сите младински конкуренции на хрватската фудбалска репрезентација каде
стигна до генерацијата У-21, а откако стана дел од сениорите на Динамо Загреб
ланската година, изминатата сезона запиша 29 настапи во сите конкуренции, а за
брзо го привлече вниманието на повеќе европски гиганти, меѓу кои Баерн Минхен и
Манчестер Сити.

Инаку, кога сме
веќе кај Лидс, вреди да се додаде и нешто плус што Фабрицио Романо го додаде во
својата објава, а тоа е дека по ангажманот на одличниот напаѓач Родриго од
Валенсија, од Лидс работат и на случајот да го обезбедат потписот на Родриго де
Пол од Удинезе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×