Во понеделникот,
Лео Меси предизвика хаос во Барселона откако испрати итен допис и побара да
замине. Аргентинецот сака да си оди за беспари, односно да ја активира
клаузулата со која може еднострано да го раскине договорот.
„Каталонците“ му
одговорија дека нема правна основа за ова со оглед на тоа дека клаузулата е
истечна. Жозеп Мариа Бартомеу и неговиот борд на директори исто така го
известиле играчот дека немаат намера да го продадат и тој може да замине само
доколку некој ја плати откупната клазула од 700 милиони евра.
Сепак, синоќа се
појавија гласини дека оваа клаузула повеќе не е активна, односно не важи за
последната година од договорот.
Денеска реагираше
и Ла Лига, која застана зад Барселона и испрати соопштение во кое се вели дека Лео
Меси има активен договор кој може да се раскине само доколку биде платена
откупната клаузула, или доколку Барса реши да преговара за негова продажба.
Сепак, вечерва
медиумите од Шпанија објавија дел од договорот на Лео Меси кој е контрадикторен
на тврдењата на Ла Лига и Барселона и покажува дека играчот сепак би можел за
беспари да замине од Камп Ноу.
!!!!NOTICIA @OndaCero_es que ha tenido acceso a la CLÁUSULA CLAVE del contrato de Messi y el Barcelona:”Está indemnización no aplicará cuando la resolución del contrato por la decisión unilateral del jugador tenga efectos a partir de la finalización de la temporada 2019/2020”. !!
— Alfredo Martínez (@Alfremartinezz) August 30, 2020
„Оваа
компензација (откупната клаузула) нема да важи кога на сила стапува опцијата
играчот еднострано да го раскине договорот на крајот од сезоната 2019/2020“ – е
спорниот дел кој го објави новинарот Алфредо Мартинез од Онда Серо, кој вели дека
на увид го добиле договорот на Лео Меси со Барселона.
Овој текс носи
нова контроверзија, и не само што покажува дека откупната клаузула повеќе не
важи, сугерира дека опцијата за едностран раскин на договорот е на крајот од
сезоната, а не 10. јуни како што се тврди.
Па доколку
Барселона и Лео Меси не најдат компромис и пријателска разделба, адвокатите ќе
имаат полни раце работа.