Манчестер Сити му нуди половина милјарда на Лео Меси за пет години плус и бонус од неверојатни 250 милиони!?

by
1 минути читање

Лео Меси бара за
беспари да си замине од Камп Ноу ова лето, и се верува дека веќе го има одбрано
Манчестер Сити како следна дестинација.

Доколку Аргентинецот
успее да се ослободи од последната година од договорот со Барселона, ќе добие огромно
богатство за преселбата на „островото“.

Според пишувањата
на Спорт, Лео Меси ќе добие бруто плата од 100 милиони евра, или половина
милјарда евра за пет години. Иако договорот е за пет години, напаѓачот во Манчестер ќе помине само три, а останатите две во Њујорк Сити.

По преселбата во
САД, Аргентинецот ќе добие и бонус од неверојатни 250 милиони евра. На ваков начин,
Манчестер Сити ќе ги заобиколи правилата за Финансиски фер плеј и можна казна
од УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×