Тотнем го комплетираше трансферот на Доерти

by
0 минути читање

Мет Доерти од Вулвс се пресели во Тотнем каде што ќе игра во наредните четири години.

„Со задоволство може да соопштиме дека потпишавме со Мет Доерти од Вулверхемптон. Бекот потпиша договор до 2024 година и ќе го носи дресот со број два“, се вели во соопштението на Тотнем.

28-годишниот Ирец минатата сезона одигра 50 натпревари за Волвс и стекна репутација дека одличен и во дефанзивата и во офанзивата, постигна седум голови во сите натпреварувања.

Овој трансфер значи дека Серж Орие ќе може да го напушти клубот, за неговиот потпис интерес има од Милан, Баер Леверкузен и Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×