Меси почнува војна со Барса: Смета дека договорот му е завршен, утре нема да се пријави на должност!

by
1 минути читање

Лео Меси и
Барселона се во војна. Во понеделникот, фудбалерот со итен допис го информираше
раководството дека сака да замине и тоа за беспари, односно да ја активира
клаузулата со која еднострано може да го раскине договорот.

Од таборот на
Барселона му одговорија дека нема правна основа за ова, односно клаузулата е
истечена. Лео Меси потоа побарал состанок за да најдат решение за неговата
иднина, односно да договорат пристојна сума со која тој ќе може да го напушти Камп Ноу.

Но Барса одново
завзеде цврст став и го известила играчот дека можат да преговараат само за нов
договор, а доколку сака да замине, единствен начин за тоа е некој да ја плати
откупната клаузула од 700 милиони евра.

На ваквата
позиција, сега пристигна одговор. Лео Меси утре нема да се појави во тренинг
центарот и нема да го направи тестот за коронавирус, а со тоа, во понеделник нема да му
се стави на располагање на Роналд Куман на стартот од подготовките.

Како што пренесува Радио Каталонија, Лео Меси смета дека договорот со Барса му е завршен во моментот кога
го испратил итниот допис и информирал дека ја активира клаузулата која
му овозможува да стане слободен играч, па нема да се пријави на должност.

Останува да се
види како Барселона ќе реагира на ова и дали клубот ќе покрене дисциплинска
постапка против својот капитен и најдобар фудбалер во историјата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×