Како што веќе знаете, новата сезона во Премиерлигата
стартува на 12. септември, а дуелите помеѓу Барнли – Манчестер јунајтед,
односно Манчестер Сити – Астон Вила се одложени поради тоа што фаворитите на
двете пресметки се задржаа нешто повеќе во европските натпреварувања, а
претходно клубовите се договорија до првиот меч од новата сезона да имаат 30
денови одмор.
Претходната анализа: Тргнете со најдобриот состав на фудбалери за подолг рок
Традиционално започнуваме со голманската позиција, а изборот
го најавивме уште во претходната анализа каде ги препорачавме најниско
буџетните голмани во новата сезона кои воедно се прв избор во своите клубови на
својата позиција.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Првиот избор е несомнено Алекс МекКартни (4.5) од
Саутемптон, кој лани запиша седум клин шита (натпревари без примен гол), а
дополнително успеа да одбрани и еден пенал, со тоа што сезоната ја заокружи со
солидни 104 бода.
Распоред на МекКартни: Кристал Палас (Г), Тотнем (Д),
Барнли (Г), ВБА (Д), Челси (Г)
Топло ви препорачуваме во новата сезона да имате двајца
стандардни голмани во сопствените екипи, кои би ги користеле за натпревари каде
очекувате речиси сигурен клин-шит, па вториот избор е секако Мет Рајан (4.5) од
Брајтон, кој лани оствари 134 бода зад своето име, а запиша девет клин-шита.
Распоред на Рајан: Челси (Д), Њукасл (Г), Манчестер
јунајтед (Д), Евертон (Г), Кристал Палас (Г)
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Се префрламе на дефанзивната линија, таму до моментов на објавување на анализата
високо котира Рубен Винагре (4.5) од Вулверхемптон, тој е петтиот најкупуван
фудбалер во моментов на Фантази Премиерлигата кај дефанзивците, причината е
поради фактот што стандардниот Џони е повреден и го чека подолга пауза, а тоа
ветува сигурно место за Винагре во почетнот состав за тимот од „Молењу“ кој
почнувајќи од третото коло има одличен распоред.
Распоред на Винагре: Шефилд Јунајтед (Г), Манчестер Сити (Д),
Вест Хем (Г), Фулам (Д), Лестер (Г)
Еден од младите фудбалери со голема перспектива пред себе,
барем така делува, е несомнено Натан Фергусон (4) од Кристал Палас, за кого
многумина аналитичари сметаат дека е новиот Арон Ван-Бисака, тој речиси има
прво место во тимот на својата позиција под кормилото на Рој Хоџсон, а 19
годишниот фудбалер има само две потешки пресметки до 13. коло, што е одлична
варијанта за ротација на тимот, а можеби и за нешто повеќе од тоа. Да не ве
збуни фактот што во моментов Фергусон се води како повреден, да, но тој се
рехабилитира, а последната негова изјава сведочи дека истата е во одлична фаза.
Распоред на Фергусон: Саутемптон (Д), Манчестер јунајтед (Г),
Евертон (Д), Челси (Г), Брајтон (Д)
Џарад Брентвајт (4) од Евертон веќе ги привлече симпатиите
крај себе по дебито во Премиерлигата во завршниот дел од сезоната, запиша еден
клин-шит, а во 299 минути одиграни освои 11 бода, верувајте, со овој фудбалер
имате многу отворени опции за останатите позиции кои ви нудат многу големи
шанси за бодови, а речиси да нема дилеми дека Карло Анчелоти ќе тргне со
Брентвајт уште на стартот, и покрај фактот што има друг поискусен избор како
Јери Мина.
Распоред на Брентвајт: Тотнем (Г), ВБА (Д), Кристал
Палас (Г), Брајтон (Д), Ливерпул (Д)
И покрај тоа што постојат одредени дилеми дека Микел Артета
добро ќе подразмисли дали да тргне со него уште на стартот во почетниот состав,
сепак, таа можност е голема, Вилијам Салиба (4.5) е фудбалерот кој ветува многу
во дресот на Арсенал, а од анализите што ги проследивме, многумина
препорачуваат да почнете со него во тимот, бидејќи самата цена и распоредот
вреди за одреден ризик, оосбено во почетните две кола кои се ветувачки за „Топчиите“..
Распоред на Салиба: Фулам (Г), Вест Хем (Д), Ливерпул (Г),
Шефилд Јунајтед (Д), Манчестер Сити (Г)
Стјуарт Далас (4.5) од Лидс е фудбалерот кој е еден од
најзаслужните што составот од „Еланд Роуд“ се врати во Премиерлигата по пауза
од 16 години, меѓутоа, овој фудбалер котираше мошне високо по бројот на
натпреварувачи кои го селектираа веднаш штом беше лансирана платформата за
новата сезона, меѓутоа, имајте го на ум за подоцнежниот тек, особено по
четвртото коло каде потоа претстои добар распоред за него и тимот каде
истовремено настапува и нашиот Езгјан Алиоски (4.5), а зошто да не и
Македонецот, кој се води како дефанзивец, а всушност има поофанзивни задачи во
реалноста под кормилото на Марсело Биелса.
Распоред на Далас: Ливерпул (Г), Фулам (Д), Шефилд Јунајтед
(Г), Манчестер Сити (4), Вулверхемптон (Д)
Кајл Вокер-Питерс (4.5) и целосно е веќе фудбалер на Саутемптон
како дел од договорот со Тотнем, клубот од каде беше позајмен, откако Емил
Хојбјерг отиде во спротивен правец. Вокер-Питерс не доби вистинска шанса за
докажување во Тотнем, но таква прилика дефинитивно ќе има во Саутемптон, каде лани одигра 944 минути, на
кои запиша 32 бода, во кои се вметнаа една асистенција, како и два клин-шита,
што е повеќе од солидно.
Распоред на Вокер-Питерс: Кристал Палас (Г), Тотнем (Д),
Барнли (Г), ВБА (Д), Челси (Г)
Џејмс Џастин (4.5) е можеби еден од подобрите избори на
темата за која пишуваме, меѓутоа не повеќе од Лук Томас (4.5), и тоа првично од
една мошне важна причина – сигурното место во првиот тим. Не се сомневаме во двоецот
млади талентирани фудбалери на Лестер, меѓутоа фактот што Џастин ќе биде
привремено решение за десната бековска позиција до враќањето на повредениот
Рикардо Переира (од почетокот на октомври), ни дава право целосно да го свртиме
вниманието кон Томас за кого пофалбите не сопреа до ден денес по тоа што го
прикажа откако доби шанса по повредата на Бен Чилвел кој веќе потпиша за Челси.
Распоред за Томас: Вест Хем (Г), Брајтон (Д), Тотнем (Г),
Барнли (Д), Манчестер јунајтед (Д)
Сите најавуваат дека Бен Џонсон (4.5) има сигурно место во
првиот тим на Вест Хем, ние се согласуваме со таквите очекувања, меѓутоа овој
дефанзивец кој сигурно му претстои одлична иднина пред себе има мошне тежок
распоред во почетната фаза од новата сезона во Премиерлига.
Распоред за Џонсон: Њукасл (Д), Арсенал (Г), Вулверхемптон (Д),
Лестер (Г), Тотнем (Г)
Чарли Тејлор (4.5) од Барнли е помеѓу нискобуџетните
дефанзивци кои големи се очекувањата да бидат помеѓу првиот избор на своите тренери,
иако имајте во предвид дека можеби подобра опција од овој тим кој иако го
прескокнува првото коло, по второто има одличен распоред кој ветува многу, веројатно
е Ерик Питерс (4.5), а можеби и Фил Бардсли (4.5), бековите на обете страни кои
се доста умешни и во офанзивните задачи.
Распоред на Тејлор: Манчестер јунајтед (Д, одложена), Лестер
(Г), Саутемптон (Д), Њукасл (Г), ВБА (Г)
Брајтон има двајца дефанзивци кои се посебно интересни на
темата на која пишуваме, првиот несомнено е Тарик Лампти (4.5), бекот кој игра
одлично во офанзивниот дел на играта, исклучително голем талент кој ветува
многу, а вториот е несомнено Бернардо (4), кој за разлика од Лампти нема
загарантирано место во почетниот состав на тимот од „Амекс“ арената.
Распоред на Лампти: Челси (Д), Њукасл (Г), Манчестер
јунајтед (Д), Евертон (Г), Кристал Палас (Г)
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Не можеме да го игнорираме Алан Сент-Максимин (5.5) кој
блесна по рестартот на ланската сезона во Премиерлигата, каде генерално освои
92 бода, а одигра 1860 минути на терените, запиша 5 асистенции (од кои 3 во
еден меч по рестартот), а придодаде 3 погодоци.
Нам воопшто не не зачудува фактот што брзоногиот и одличен
дриблер од редовите на Њукасл во моментов е осми на листата на најкупувани
фудбалери до овој момент, а доколку го проследите неговиот распоред, веројатно
уште повеќе ќе ве примами да ве селектирате, Њукасл до 14. коло има само две
големи натпревари.
Распоред на Сент-Максимин: Вест Хем (Г), Брајтон (Д), Тотнем
(Г), Барнли (Д), Манчестер јунајтед (Д)
Вест Хем го откупи договорот на Томаш Соучек (5) од Славија
Прага, а Чехот импресионираше по рестартот на сезоната во Премиерлигата каде
постигна три погодоци и брзо се наметна во новото друштво. Како и да е, „Чеканите“
освен првото воведно коло, во продолжението до 7. коло имаат пеколен распоред,
распоред кој во завршницата им ветува убава можност за повторно да изборат
опстанок во елитното друштво, како и да е, имајте го на ум Соучек кој иако игра
на средината од теренот каде ја спојува одбраната со средниот ред, знае да биде
умешен во офанзивните задачи, за што веќе докажа.
Распоред на Соучек: Њукасл (Д), Арсенал (Г), Вулверхемптон (Д),
Лестер (Г), Тотнем (Г)
Иако постоеше дилема кај нас која да биде границата за да
декларираме одредени фудбалери за „нискобуџетни“, сепак ете ќе го наведеме и
неверојатниот Матеус Переира (6) од ВБА, старо-новиот Премиерлигаш кој го
осигура неговиот потпис од Спортинг Лисабон од каде настапуваше како позајмен,
и тоа за само 15 милиони фунти, а веруваме дека оваа инвестиција за составот
предводен од Славен Билиќ може да биде пресудна во битката за опстанок. Можеби
е група споредбата, меѓутоа ќе додадеме дека Бразилецот лани запиша неверојатна
бројка од 16 асистенции (по Де Брујне /20/, второто место лани го освои Арнолд
/13/ во однос на оваа статистика), притоа, Переира запиша и осум погодоци.
Распоред на Переира: Лестер (Д), Евертон (Г), Челси (Д),
Саутемптон (Г), Барнли (Д)
Калвин Филипс (5) од Лидс доби повик од селекторот Герет
Саутгејт, дебитантски во националниот состав на Англија по одличните изданија
во Чемпионшип дивизијата, и тоа на сметка на „отпишаниот“ Џек Грилиш, сепак, од
составот на тимот од „Еланд Роуд“ во однос на средниот ред имајте го на ум за
подоцнежниот тек неверојатниот Пабло Ернандез (6), кој на почетокот за жал има
мошне тежок распоред.
Распоред на Филипс: Ливерпул (Г), Фулам (Д), Шефилд Јунајтед
(Г), Манчестер Сити (4), Вулверхемптон (Д)
Без да го потценуваме учинокот на останатите од составот на
Фулам, сепак, мораме да го наведеме Нескенс Кебано (5) како фудбалер херој на
оваа екипа која се врати во Премиерлигата, откако интернационалецот од Конго
постигна два од вкупно трите гола на Фулам на обата меча со Кардиф во финалната
завршница од плејофот за место во елитната Премиерлига.
Во однос на Фулам и средниот ред, не би било лошо да
наведеме дека подвигот на Кебано се должи на повредата на Иван Кавалеро (5.5)
којо со 6 погодоци и 7 асистенции исто имаше одлична сезона, но Кебано ги
искористи своите пет минути, притоа, имајте го на ум и Абубакар Камара (5) кој
всушност настапува како напаѓач, веројатно добро го помните по „судирот“ со
Александар Митровиќ околу тоа кој да го изведе пеналот пред две сезони.
Распоред на Кебано: Арсенал (Д), Лидс (Г), Астон Вила (Д),
Вулверхемптон (Г), Шефилд Јунајтед (Г)
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
И во претходната анализа го споменавме во првичниот избор
кој сигурно ќе претрпи промени во периодот кој претстои, а ќе го наведеме и
тука, Џордан Аје (6) е веќе прв избор кај Рој Хоџсон во Кристал Палас, лани
постигна солиден учинок од 9 погодоци и 3 асистенции, а сосема логично порасна
и неговата цена која лани беше мошне скромна (5).
Распоред на Аје: Саутемптон (Д), Манчестер јунајтед (Г),
Евертон (Д), Челси (Г), Брајтон (Д)
Изборог ќе го сумираме со напаѓачот и капитен на Фулам,
Александар Митровиќ (6), кој во моментов е втор на листата најкупувани напаѓачи
по големото засилување на Челси, Тимо Вернер (9.5).
Со 26 погодоци, Србинот изминатата сезона беше водечки
стрелец во Чемпионшип дивизијата на Островот, притоа запиша и три асистенции, а
пред две сезони во Премиерлигата постигна 11 погодоци, пред него е одличен
распоред кој ветува многу.
Распоред на Митровиќ: Арсенал (Д), Лидс (Г), Астон Вила (Д),
Вулверхемптон (Г), Шефилд Јунајтед (Г)