150
„Скај Спортс Италија“ тврди дека Милан и Ибрахимовиќ си подале рака за уште една сезона.
Тие ги отркиваат и деталите, се работи за едногодишен договор без бонуси со фиксна сума од 7 милиони евра.
Ибрахимовиќ не се врати во Миланело да ги почне подготовките со остатокот од тимот, туку замина во Шведска од каде чекаше да се дефинира неговата судбина.
Сега откако е постигнат договор, тој ќе се врати во Милано и ќе им се приклучи на соиграчите.
И директорот Паоло Малдини неодамна рече дека обнова на договорот на Ибрахимовиќ е приоритет за клубот.