Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета е прилично убеден дека капитенот на „Топчиите“,
Пјер-Емерик Обамејанг ќе потпише нов договор со клубот од Лондон.
31 годишниот
напаѓач од Габон, кој им се приклучи на „Топчиите“ во 2018. година по
трансферот од Борусија Дортмунд, има уште една година од важечкиот договор со
Премиерлигашот.
„Имаме навистина
добри преговори со него и неговиот агент, а јас сум прилично убеден дека за
брзо ќе пронајдеме заеднички јазик на оваа тема, такво е моето чувство“ рече
Артета кој притоа додаде и дека дефанзивецот на Лил, Габриел Магалаес би можел да се пресели во Лондон.
„Тоа е фудбалер
кого го следиме подолг период, се надевам дека наскоро ќего решиме ова,
понекогаш не е се’ така лесно
во финалните фази како што наликува, но, ќе повторам дека постојат позитивни
сигнали дека можеме да постигнеме договор“ додаде Артета во однос на 22
годишниот бразилски централен дефанзивец за кого се верува дека до крајот на
седмицава ќе има медицински прегледи во Лондон.