Поранешниот фудбалер
од средниот ред, бивш член на Астон Вила, Манчестер Сити и Евертон, Герет Бери
стави крај на својата професионална кариера, а тоа го стори на 39 годишна
возраст.
Бери, кој со 653
одиграни натпревари во Премиерлигата е рекордер по бројот на настапи во тоа
првенство, последниот меч од својата богата кариера на Островот го одигра во
март годинава, и тоа во ФА купот во поразот на ВБА против Њукасл, тоа всушност
беше еден од шесте последни меча сезонава за него во дресот на ВБА.
Генерално
гледано, Бери запиша 833 натпревари зад неговото име во сениорска конкуренција,
во кариера која траеше цели 23 години а во која запиша 67 погодоци.
Бери мина 12
години од неговата кариера во Астон Вила, пред трансферот во Манчестер Сити
вреден 12 милиони фунти, клуб со кој го освои ФА купот во 2011. година, како и
Премиерлигата една година потоа.
Во 2013. година
следеше преселба во Евертон, првично на позајмица, а таму беше прогласен за
играч на сезоната во таа екипа за сезоната 2015./16, за во 2017. година да се
пресели во составот на ВБА кој во новата сезона ќе се натпреварува во
Премиерлигата.