Жозеп Мариа Бартомеу прифаќа да биде жртва доколку тоа знчи останување на најдобриот фудбалер. ТВ3 попладнево пренесе дека претседателот е подготвен веднаш да се повлече од својата функција доколку бидат исполнети два услови.
Прво, Лео Меси треба да излезе и јавно да каже дека проблемот е Жозеп Мариа Бартомеу и неговото раководење со клубот. Како второ, Аргентинецот да се предомисли и оставката на претседателот да значи негово продолжување на Камп Ноу.
Неколку извори синоќа пренесоа дека никој и ништо нема да го предомисли Лео Меси и дека нема враќање назад, па останува да видиме дали во следните денови ситуацијата ќе се промени и Аргентинецот сепак ќе ја заврши кариерата на Камп Ноу, како што постојано најавуваше изминативе години.