Тотнем е близу
договор со Вулверхемптон за ангажман на Мет Доерти, а се споменува дека
висината на овој трансфер би изнесувал 15 милиони фунти, меѓутоа фановите на
Тотнем се присетија на една негова објава од поодамна која сигурно им пречи.
„Спортсмејл“
тврди дека преговорите помеѓу Тотнем и Вулверхемптон се во напредна фаза, па
големи се очекувањата 28 годишниот Ирец да биде третото засилување за составот
предводен од Жозе Мурињо во летниот преоден рок по Пјер-Емил Хојбјерг и Џо
Харт.
Како и да е,
твитот на Доерти од 2013. година на социјалните мрежи особено им пречи на
фановите на Тотнем, од причина што во истиот, десниот бек јавно објави дека е
голем навивач на лутиот градски ривал Арсенал.
„Да, јас сум
ГОЛЕМ навивач на Арсенал!“ напиша тогаш Доерти, меѓутоа, и покрај оваа објава
од поодамна, нема да зачуди доколку фановите на Тотнем го заборават ова,
бидејќи позната е приказната со Хари Кејн кој во детството носеше дрес на
Арсенал.

Нешто повеќе за
Доерти, добрите познавачи на фудбалот во Премиерлигата добро знаат дека Ирецот
е еден од најдобрите бекови во силниот англиски фудбалски шампионат, ланската
сезона ја одбележа со 4 погодоци и 3 асистенции.