Се верува дека
постојат два клуба во фудбалскиот свет кои би можеле да си дозволат луксузно
засилување како Лионел Меси, за кого е веќе познато дека побара да си замине од
Барселона уште ова лето.
Манчестер Сити и
ПСЖ се споменуваат како најсериозни претенденти за потписот на 33 годишниот Аргентинец,
Серхио Агуеро веќе ја „повлече“ десетката на социјалните мрежи што отвори низа
прашања низ фановите, а опцијата ПСЖ веројатно е интересна за Меси со самиот
факт што повторно би соработувал со својот добар пријател Нејмар.
Како и да е,
поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни најпрво ја прокоментира
актуелната ситуација во Премиерлигата во однос на битката за титулата во новата
сезона, акцент стави на Ливерпул и Манчестер Сити, додавајќи дека Алкантара би
бил многу подобро засилување за Ливерпул, отколку Меси за Манчестер Сити, со
што му даде предност од оваа дистанца токму на составот од „Енфилд Роуд“.
„Сметам дека во
моментов Манчестер Сити или Ливерпул ќе бидат двете екипи кои ќе водат грчевите
битка за титулата, Челси донесе неколку засилувања од кои некои беа одлични,
Манчестер јунајтед има голем потенцијал во својот состав, меѓутоа мислам дека
заостануваат, со новите засилувања на Челси ќе му биде потребна една сезона за
да се доближи до врвот“ вели Англичанецот.
„Според тоа,
битката за титулата останува да се води помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, а
доколку Ливерпул го ангажира Тијаго Алкантара од Баерн Минхен, сметам дека ќе
бидат во голема предност во битката за титулата, тоа би било многу подобро
засилување отколку евентуално Манчестер Сити да го ангажира Лионел Меси“ додаде
Руни.