Меси на место на состанок со Бартомеу беше на вечера со Луис Суарез (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лео Меси
предизвика хаос на Камп Ноу откако во понеделникот испрати итен допис и побара
да замине ова лето и тоа за беспари, односно да ја активира клаузулата со која
може еднострано да го раскине договорот.

Во таборот на
Барселона веруваат дека оваа клаузула е истечена и нема правна основа за ваков
прекин на соработката. Од раководството на „каталонците“ исто така порачаа дека
немаат намера да го продадат Аргентинецот, сакаат Лео Меси да продолжи и да
биде столбот околку кој ќе го градат новиот проект.

Медиумите од
Шпанија синоќа пренесоа дека Жозеп Мариа Бартомеу сака да разговара лице во
лице со Лео Меси, претседателот преферирал веднаш да слушне што има да каже напаѓачот и да се обиде да го предомисли.

Сепак, до средба
не дојде. Лео Меси беше на вечера, но со својот добар пријател Луис Суарез.
Камерите на „Ел чирингито“ ги „уловија“ фудбалерите на излегување од познат
италијански ресторан во центарот на Барселона.

Уругваецот исто
така е на излезна врата од Барселона, Роналд Куман не смета на него и тој
слободно може да си бара нов клуб и покрај тоа што има уште една година од
договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×