Претставници на Сити следната недела ќе одат во Барселона да ја однесат првата понуда за Меси

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола силно го посакува Меси, а и шеиците на целата ситуација гледаат како шанса која не смее да се пропушти без разлика колку ќе чини.

Италијанскиот новинар, Танкреди Палмери кој работи за „Беин Спорт“ и „Си-Ен-Ен“, тврди дека делегација на Манчестер Сити следната недела ќе отпатува во Барселона да ја презентира понудата. Таа ќе изнесува околу 200 милиони евра плус фудбалер.

Прва опција за Меси е Манчестер Сити, се верува дека тој пред да им ја соопшти одлуката на Барселона за заминување, му се јавил на Пеп Гвардиола за да праша дали може да дојде во неговиот клуб.

Во меѓувреме Меси одлучи малку да го омекне својот став и да се појави на тестирањето за коронавирус и на стартот на подготовките. Ќе биде како и останатите од тимот, но паралелно ќе чека да се реши неговата ситуација и да замине од Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×