Фудбалерот од
средниот ред на Тотнем, Танги Ндомбеле останува приоритет на листата на желби
за засилувања кај шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте, известуваат
од Франција.
Конте ги заврши
успешно преговорите со челниците на Интер околу останувањето на клупата, а
денеска искусниот италијански фудбалски стратег имал нова средба на која се
пеглала трансфер стратегијата.
„РМЦ Спорт“
пренесе дека Ндомбеле и натаму е приоритет на Конте, но останува дилемата колку
Тотнем е подготвен да се раздели со 23 годишниот Французин, првичните информации говорат дека Премиерлигашот не е заинтересиран за таква опција.
Инаку Ндомбеле претходно беше јавно прозван од својот тренер Жозе Мурињо поради очајните перформанси по рекордниот трансфер на
клубот од Лондон кој изнесуваше 60 милиони евра.
Екс фудбалерот на
Лион одигра 29 натпревари во дресот на „Спарси“, на кои запиша два погодоци,
како и четири асистенции.