Веќе е официјално
а воедно се потврдија неколку месечните шпекулации на Островот, Челси и
официјално го претстави левиот бек Бен Чилвел во ново засилување за новата
сезона.
23 годишниот
англиски репрезентативец стави потпис на петгодишен договор со клубот од „Стемфорд
Бриџ“ за кого се најавува дека е пред договор и со Каи Хаверц од Баер
Леверкузен, а се наведува дека искусниот Тијаго Силва деновиве ќе биде
презентиран, а освен тоа и ќе ја добие капитентската лента која во моментов е
кај Цезар Аспиликуета.

„Среќен сум што
се приклучив на клуб како Челси во овој мошне возбудлив период за клубот, едвај
чекам да почнам со работа во овој млад и динамичен тим предводен од Лампард“
рече Чилвел во изјавата за официјалниот клупски сајт.