Јувентус доби „корпа“ од Кавани, причината за таквата одлука на Уругваецот е Наполи

by
0 минути читање

Искусниот напаѓач
Единсон Кавани наводно ја одбил можноста да се пресели во редовите на Јувентус,
а таквата одлука Уругваецот ја донел поради неговиот поранешен клуб Наполи, кој
е голем ривал со „Старата дама“.

33 годишниот
Кавани си замина од ПСЖ и веќе е слободен играч на трансфер пазарот откако му
истече договорот со францускиот првак, па периодов е во потрага по нов клуб за
што има повеќе опции.

Кавани постигна
104 погодоци во дресот на Наполи каде одигра 138 натпревари, а изминатиов период
беше поврзуван со неколку клубови, особено со Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×