Лестер го награди Варди со нов договор

by
1 минути читање

33 годишниот
напаѓач Џејми Варди потпиша нов договор со Лестер, односно актуелниот го
продолжи до 2023. година, со тоа што клубот од „Кинг Пауер“ го награди својот
најдобар поединец во составот по неговите блескави изданија ланската сезона
каде запиша 23 погодоци.

Гол-машината на
Лестер изминатата сезона успеа да надмине бројка од 100 постигнати погодоци во
Премиерлигата, а говорејќи по потписот на новиот договор кој практично беше
продолжен на дополнителни 12 месеци, вели дека е тешко да се опише неговото
досегашно патување со „Лисиците“.

Тешко е да се
опише патувањето кое го имав досега во овој фудбалски клуб, постигнавме
навистина премногу изминативе години, знам дека имам уште многу што да покажам
и постигнам со овој клуб, така ова е посебно чувство да бидам во можносда ја
посветам сета моја фудбалска иднина во Лестер уште еднаш во кариерата
“ рече
Варди во изјавата за официјалниот клупски сајт.

Вистинска
фудбалска бајка е развојот на кариерата на напаѓачот кој до 2012. година играше
во нисколигашот Флетвуд, а го предводеше Лестер и до титула во Премиерлигата.

Кога сме веќе кај
Лестер, договор потпиша и 19 годишниот дефанзивец Лук Томас кој веќе дебитираше
во Премиерлигата изминатата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×