Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Бреша наводно ја
прифатила понудата од Интер за ангажман на Сандро Тонали, меѓутоа истата се
однесува на позајмица со можност за целосен откуп на договорот, односно 30
милиони евра плус бонуси.
Како и да е,
италијанските медиуми додаваат дека од Милан не се откажуваат од трката за
потписот на 20 годишниот бисер на италијанскиот фудбал кој многумина го
споредуваат со легендарниот Андреа Пирло.
Новинарот на „СпортИталија“,
Алфредо Педула објави дека првиот човек на Бреша, Масимо Челино првично ја
прифатил понудата од Интер, меѓутоа набрзо побарал дополнителни 5 милиони евра
во бонуси.
Истиот извор
тврди дека за Тонали приоритет е Интер, додека пак новинарот на „Скај Спорт
Италија“, Џанлука Ди Марцио додава дека Милан не се откажува, па „Росонерите“
би можеле да ја израмнат понудата на својот градски ривал.
Се верува дека од
Милан не испорачале понуда со опција да се откупи договорот на младиот
Италијанец веднаш, туку истото да го сторат по крајот на претстојната нова
сезона, Челино посакува веднаш да се дискутира за опција за целосен откуп на
договорот на фудбалерот кој се чини дека е поблиску до редовите на „Нероаѕурите“.