Манчестер Сити избива како јасен фаворит за потписот на Лео Меси. Радио Каталонија пренесе дека таткото на фудбалерот веќе е во преговори со „граѓаните“, или поточно со генералниот извршен директор, Феран Соријано.
Се шпекулира за двегодишен договор и истата плата која ја има во моментов, односно 100 милиони бруто по сезона. Лео Меси исто така бара гаранции дека Пеп Гвардиола ќе остане, односно ќе биде продолжен договорот на стратегот кој истекува во 2021 година.
„ТиК Спортс“ кој синоќа прв пренесе за дописот на Лео Меси до раководството на Барса, исто така потврдува дека преговорите се во тек и додава дека во скоро време може да има разврска на целата ситуација.
ЕСПН пак пишува за договор 3+2, односно Лео Меси да одигра три години во Манчестер Сити, и потоа уште две во САД во редовите на Њујорк Сити, клуб кој е под капата на „граѓаните“.