Линекер: Барселона не смее да го кочи заминувањето на Меси, би било страшно тажно ако…

by
1 минути читање

Меси сака да си оди од Барселона и тоа бесплатно, со активирање на клаузулата со која може да го раскине договорот. Таа е спорна поради датумот на истекување и уште е нејасно дали каталонскиот клуб ќе проба да го спречи заминувањето на Аргентинецот.

Гери Линекер кој три години играше за Барселона, вели дека би било многу тажно ако клубот и Меси својата приказна ја завршат со кавга.

„Доколку Меси сака да ја напушти Барселона со активација на клаузулата, тогаш се надевам дека клубот ќе се обиде да му помогне, а не да го спречува. Тој беше исклучително лојален и нивниот најдобар играч на сите времиња. Би било страшно тажно ако заврши со кавга меѓу играчот и клубот“, твитна Линекер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×