Меси нема намера да дојде на тестирањето за ковид-19 за играчите на Барса, ниту да ги почне подготовките за новата сезона

by
1 минути читање

Меси денеска му соопштил на раководството на Барселона дека сака да си замине од клубот, сака да ја искористи и клаузулата која му дозволува бесплатен излез од Камп Ноу.

„Онда Серо“ информира дека Меси дури нема намера и да се појави на тестирањето за коронавирус со останатите играчи на Барселона кое е закажано за следниот понеделник. Тој нема ниту да ги почне подготовките со Роналд Куман, ден по тестирањето.

Повеќе од сигурно е дека ова е крај на една ера, Барселона од следната сезона ќе биде без Меси, нешто што беше тешко да се замисли.

Се очекува следната дестинација на Меси да биде во некој од Манчестер Сити, Интер или ПСЖ, трите клубови кои најчесто се поврзуваат со неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×