„ТиК Спортс“
објави дека првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси испратил итен допис до
клубот каде го известил раководството дека сака да си замине ова лето, а оваа
вест се чини нималку не е наивна според случувањата веднаш потоа.
За брзо „Спорт“
се надоврза на темата со Меси, откако каталонскиот весник објави дека од
Барселона брзо му одговориле на Аргентинецот дека нема правна основа еднострано
да се раскине договорот според желбите на фудбалерот, бидејќи клаузулата е
истечена.
Последното се
коси со гледиштето на Меси и неговите соработници кои сметаат дека клаузулата
може да се активира на крајот од сезоната, а јасно е дека поради пандемијата од
Ковид-19, истата штотуку заврши по последниот меч од Лигата на
шампионите.
Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол реагираше на
социјалните мрежи по превирањата во тимот од „Камп Ноу“ по темата со Меси, а во
својата објава тој јавно застана со поддршка за Аргентинецот.
„Почит и восхит Лео, сета моја поддршка, пријателу“ стои во објавата на поранешниот дефанзивец на Барселона кој се
пензионираше пред шест години.
Луис Суарез, кој веќе од новиот тренер Роналд Куман дозна дека не е во плановите во новиот проект на Каталонците, на објавата на Пујол коментираше со аплауз.