Лео Меси со итен
допис ја известил Барселона дека сака да го напушти клубот ова лето, и не само
тоа, напаѓачот побарал едностран раскин на договорот и активирање на клаузулата
која му овозможува да замине за беспари.
Според пишувањата
на Спорт, од таборот на Барса веднаш одговориле и го известиле фудбалерот дека
нема правна основа еднострано да го раскине договорот бидејќи клаузулата е
истечена.
Лео Меси и
неговите соработници сметаат дека клаузулата може да се активира на крајот од
сезоната, односно една недела по крајот на Лигата на шампиони, а со оглед на
тоа дека оваа сезона заврши во август, клаузулата се уште е активна.
Спорт додава дека
во овој момент, „каталонците“ немаат
намера да разгледуваат понуди за Лео Меси, тој не е на продажба и важечка е откупната
клаузула од 700 милиони евра. Сепак и самите се свесни дека тешко ќе можат да
задржат фудбалер кој не сака да биде дел од проектот.