По убедливата
победа против Штутгарт (3-0), „Редсите“ денеска се спасуваа од пораз откако
најпрво имаа 0-2 негатива во првото полувреме, за во второто Брустер со два
погодоци да донесе реми за фаворитот.
Во 56. минута
дојде до мошне незгодна повреда на Вирџил ван Дајк, откако Холанѓанецот имаше
незгоден дуел со глава по што дојде до директен судир во незгоден предел,
поточно во окото, при што мораше да биде заменет.
class="twitter-tweet">
По мечот, Клоп
даде коментар за повредата на Ван Дајк, поради која фановите на Ливерпул
помислија дека би можел да отсуствува на дуелот со Арсенал за четири денови во
рамките на Комјунити Шилд, меѓутоа германскиот стратег категорично ги отфрли
тие стравувања тврдејќи дека повредата не е сериозна.
Инаку, на
социјалните мрежи посебно се коментира втоиот од двата гола на Дака, каде мошне
лоша реакција во финалниот дел од контрата на противникот имаше токму Ван Дајк
кој не беше расположен да реагира.
class="twitter-tweet">